Попладнево се одиграа две пријателски средби на кои домаќини беа прволигаши а гости им беа второлигашки екипи.
Па така во Кавадарци, Тиквеш со 5:1 убедливо го победи Вардар (Неготино) и тоа со головите на Тасев, Спахиу два и Ѓорѓиев два.
Следната контрола четата на стратегот Ѓорѓи Мојсов ќе ја има во недела кога ќе му гостува на Гостивар и тоа на стадионот “Борис Трајковски“ во Скопје.
Додека во Струмица, екипата на Брера одигра 1:1 против Македонија ЃП.