Тренерот на Ботев збесна на пресот: Сите ние сме селјаци – и Бугарите и Србите

7938

Изјава на поранешниот репрезентативец на БиХ, Душан Керкез предизвика внимание во Бугарија, Србија и на целиот Балкан. Тренерот на Ботев пред реваншот со Панатинаикос во ЛК зборуваше за некои работи кои не му се допаднаа по одигрувањето на првиот меч (Ботев го загуби со 2:1). На прес конференцијата пред реваншот Керкез му сметаа некои работи кои се случуваат во српскиот и бугарскиот фудбал.
Кога го игравме мечот со Панатинаикос, девојката на еден од моите играчи со шеташе кучето и некој од ресторанот ја гаѓаше со домати. Срамота е тоа што се случи во Пловдив. Зошто? Затоа што нејзиниот дечко направил грешка на натпреварот. Тоа одбивам да го прифатам.
Свесен сум дека тоа лице веројатно било пијано, некои луѓе кои критикуваат мора да знаат што се случува. Можеби некој друг ќе фрла тврд предмет…
Тоа може да му се случи секому, на мојата сопруга на пример. Вистинските навивачи на Ботев тоа не би го направиле, можеби тој е навивач на друг тим, не знам… И понатаму не можам да верувам дека вакво нешто може да се случи во Пловдив“, изјави Керкез.

Потоа ги нарече Србите и Бугарите селјаци.
Такви работи не смеат да се случуваат, да им ги гаѓате сопругите поради нешто што се случило на натпреварот е неприфатливо. Тоа може да се случи само на Балканот, во Бугарија и во Србија. Само во нашите држави. Ние сме селјаци, сите! И Срби и Бугари! Сакаме во Европа? Како да одиме во Европа?“, додаде екс-репрезентативецот на БиХ.

Потоа се осврна на честите одложувања на натпреварите во првенството што зачести на Балканот.
Само во Бугарија и Србија го одложуваме секој меч. Сите играат секој трет ден, зошто ние одложуваме натпревари? Сега сите ќе не прашаат зошто не сме одложиле, а да победевме само ќе ни кажеа браво. Мораме да научиме да играме на овој начин, како сите други“, порача Керкез.

ПретходноДортмунд и Сити се договорија – Бразилец доаѓа на „Сигнал Идуна Парк“!
СледноНорвешка ја совлада Унгарија со гол во последната секунда