Шпанија се врати во живот по шведската лекција

56

Шпанија ја запиша втората победа на ЛОИ во Париз. „Фуријата“ успеа да се издигне по поразот од Шведска и веќе во третото коло да слави против Јапонија со . На овој начин шпанските ракометари успеаја да се израмнат бодовно со Хрватска и Германија, кои имаат по четири бода. Каков ќе биде поредокот во оваа група А ќе дознаеме по мечот меѓу Шведска и Словенија.

Одриозола имаше шест гола, зад него беше Даниел Душебаев со пет. Екс-вардарецот Јасухира имаше седум гола, но тие беа премалку за победа.

Јапонија се обидуваше да дојде до сензација, беше рамноправен противник, но искуството на Шпанија си го стори своето. Првото полувреме беше 20-18, додека во вториот дел играта на „фуријата“ се стабилизира, имаше и позитива од пет гола.

За Јапонија ова беше трет пораз во низа на ЛОИ.

ПретходноЖдрепката за ВМФЛ ќе се одржи во понеделник!
СледноИзлезе видео снимка од најновото засилување на Јунајтед кое ги загрижи фановите (ВИДЕО)