Барса го совлада Сити во пријателски меч во Орландо

726

На стадионот „Кампинг ворлд“ во Орландо се одигра пријателски натпревар помеѓу Манчестер Сити и Барселона. „Каталонците“ победија по подобро изведување на пеналите откако во регуларниот дел мечот заврши 2:2.
Барса поведе со голот на Виктор во 24 минута, а изедначи О’Рајли во 39 минута. Во 45+2 минута Торе повторно ја доведе Барса во предност.
Во 60 минута изедначи Грилиш.
Во пенал серијата за Сити прво промашија Филипс и Рајт, а погоди Ахмет Фатах, додека кај Барса сите изведувачи беа прецизни (Левандовски, Дарвих, Балде и Фернандез).

20-годишниот голман на Барса, Андер Астралага ги одбрани двата пенали во серијата и беше еден од хероите на овој меч.

ПретходноВифен обезбеди историско злато за Ирска во пливање со олимписки рекорд!
СледноМонако може да банкротира?