Вифен обезбеди историско злато за Ирска во пливање со олимписки рекорд!

83

Два олимписки рекорди паднаа во пливачките дисциплини на Игрите во Париз. Даниел Вифен го освои златниот медал на 800 метри слободен стил со време од 7:38.19 минути што претставува нов Олимписки рекорд.
Ова воедно е прв златен медал за Ирска во било која дисциплина во машкото пливање.
Американецот Боби Финке го освои сребрениот медал, додека Италијанецот Грегорио Палтриниери го зема бронзениот медал во оваа дисциплина.
И кај жените олимписки рекорд. Кајли Мекион од Австралија го освои златниот медал на 100 метри грбно што е нејзин шести златен олимписки медал во кариерата. Таа ја преплива делницата со време 57.33 секунди.
Среброто и бронзата заминаа кај Американката Реган Смит односно Катарина Беркоф.
Во машка конкуренција на 4х200 метри штафета слободен стил триумф на Британија. Сребрени се Американците, а бронзата е за Австралија.

ПретходноПознати сите четвртфинални двојки на фудбалскиот турнир на ОИ
СледноБарса го совлада Сити во пријателски меч во Орландо