Историски момент на ОИ – Спортисти од Северна и Јужна Кореја направија селфи! (видео)

2130

Натпреварувачите во пинг понг направија потег за паметење за време на освојување на сребрените медали во дисциплината мешани парови на Олимписките игри. Ри Јонг Сик и Ким Кум Јонг изгубија од Кина во финалето, а со самиот пласман во финалето натпреварувачите од С.Кореја ги обезбедија првите медали, а за време на доделувањето на одличјата направија историски потег.
Бронзените медали ги освоија преставниците на Јужна Кореја, Лим Јонг Хон и Шин Ју Бин.
Додека натпреварувачите на Ј.Кореја стое на пиедесталот, претставниците на С.Кореја им честитаа и така го одушевија светот. Познавајќи ја повеќе децениската нетрпеливост помеѓу Јужна и Северна Кореја спортистите покажаа дека спортот ја победува политиката.
Освен што се поздравија, тие направија заедничко селфи вклучувајќи ги и колегите од Кина!

ПретходноНадал ги „спушти“ Шпанците на земја: Така не се освојуваат медали…
СледноЕкс-напаѓач на Сити и на Лестер потпиша за Севиља