Навистина што се случува се селекцијата на Франција, со домашната селекција на овие ЛОИ во Париз? Пред почетокот на ракометниот турнир беа посочувани како најголем фаворит за златото, а еве вечерва едвај се спасија од пораз од Египет со резултат 26:26, иако реално требаше да бидат поразени. Посебно по она што го одиграа во првото полувреме.
Па така Карабатиќ и компанија и во третиот меч на овој турнир не успеаја да победат, по поразите од Данска и Норвешка, вечерва одиграа без победник со Египет.
Навистина што се случува со Франција, сега по три одиграни меча имаат само еден освоен бод и во голема мерка си го закомплицираа пласманот во следната фаза.
Омар за Египет постигна 8 голови, додека Фабрегас за Франција шест, последниот беше најзначаен зошто во последната секунда што се вели ја спаси својата селекција од нов пораз.