Србија покажа сила: Јокиќ и компанија го “збришаа“ Порторико!

257

И дефинитивно Србија има моќен тим, кој е кадарен да се бори за медал. Ако Јокиќ и компанија убедливо беа поразени од САД на стартот на кошаркарскиот турнир на ЛОИ, тогаш денеска во својот втор настап одиграа одлично.

Едноставно Србите го “збришаа“ Порторико со 107:66, кој реално не е така слаба репрезентација како што покажува крајниот резултат. Ова е доказ дека победникот одиграл фантастично.

Уште од самиот старт на средбата Србите заиграа агресивно во одбраната, лесно доаѓаа до контри и лесни поени, се функционираше како што треба. Јасно е дека Никола Јокиќ во тие моменти со скоковите и асистенциите даваше тон на таквата игра. Брзо се направи потребната разлика за да потоа се беше полесно.

Јокиќ заврши си 14 поено, 15 скокови и 9 асистенции за 23 минути игра, додека најефикасен беше Петрушев со 15 поени.

Србија во последниот меч од групата –Ц се среќава со Јужен Судан, селекција која вечерва од 21часот игра против Американците.

ПретходноСити е казнет со 2 милиони фунти, “граѓаните“ намерно доцнеле со стартот на мечевите!
СледноВардар официјално ги претстави новите кондициски тренери!