Јоргенсен е седмото засилување на Челзи ова лето

243

Данскиот голман Филип Јоргенсен е нов член на Челзи. Данецот направи трансфер од Виљареал на „Стемфорд Бриџ“, а сумата која „сините“ ја платија за него е околу 25 милиони евра. Играчот потпиша договор до 2030 година.
Тој е седмото засилување за Челзи ова лето. Клубот го донесе Енцо Мареска на тренерската позиција, а нови играчи покрај Јоргенсен се Кирнан Десбери-Хол, Омари Келиман, Ренато Веига, Кејлеб Вајли, Марк Гуи, Тосин Адарабиојо.

ПретходноМонако може да банкротира?
СледноДортмунд и Сити се договорија – Бразилец доаѓа на „Сигнал Идуна Парк“!