Македонските екипи продолжуваат со контролните мечеви пред стартот на новата сезона во ПМФЛ-лигата. Работнички извојува победа против Брегалница, дуелот заврши со 1-0, а стрелец на голот за „романтичарите“ беше Аломеровиќ (45 минута).
На втората одиграна пријателска средба, Воска Спорт одигра реми против косовскиот тим на Лирија 1-1. Овој дуел се одигра во Струга.
Ова беше шести меч за Воска во рамките на подготовките, последниот тест ќе го игра против Охрид.