Тоа е Мурињо: “Лил немаше среќа во ждрепката зошто треба да игра со нас“!

847

 

Жозе Мурињо секогаш и секаде предизвикува контроверзи, прави шоу на секоја прес конференција, секоја негова изјава со денови се коментира.

Па така стратегот на Фенербахче, откако го мина Лугано во 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, во следната рунда тој и неговоите момци ќе треба да играат против Лил.

На прашање на новинар што мисли за следниот противник на Фенербахче, за тимот на Лил, “Специјалниот“ во нему својствен стил одговори:

“Лил немаше среќа во ждрепката зошто треба да игра со нас“ кажа Жозе што наиде на воодушевување кај присутните.

ПретходноЕве кога Новак го продолжува походот по златото на ЛОИ во Париз!
СледноПокрај новиот формат во ЛШ, ќе има и новитет во ждрепката!