Хрватска ќе освои уште еден медал на Летните олимписки игри во Париз, бидејќи Дона Векиќ се пласираше во финалето во поединечна конкуренција.
Таа во полуфиналето успеа да ја совлада Ана Каролина Шмиедлова од Словачка победувајќи ја со 2-0 во сетови (6-4, 6-0).
Во мечот за златниот медал, Дона Векиќ ќе се соочи со кинеската тенисерка Чинвен Женг, која претходно ја елиминираше најдобрата светска тенисерка Ига Свјонтек.