Она што подолго време се шпекулираше сега доби потврда. Борусија Дортмунд ги засили своите редови со искусниот играч од средниот ред Паскал Грос. Германскиот репрезентативец кој ова лето првпат беше со репрезентацијата на ЕП, одлучи да го напушти Брајтон и да му се приклучи на Дортмунд.
33-годишниот играч се сели на „Сигнал Идуна Парк“ за 7 милиони евра.
Договорот е на две години со можност за продолжување на уште една година.
Пред да отиде во Брајтон, Грос играше за Хофенхајм.
Борусија направи неколку добри трансфери ова лето. Ги донесе централниот бек Валдемар Антон и напаѓачот Серхио Гираси, двајцата од Штутгарт.