Само неколку часа откако го претстави Димитар Антовски, Брера Струмица се пофали со уште еден нов играч.
Давесет и две годишниот Димитар Тодоровски од Скопје е ново засилување на струмичкиот тим за следната сезона. Тодоровски кој е играч од средниот ред, потекнува од школата на Работнички каде настапуваше и во изминатото првенство во кое запиша два гола и една асистенција.
Тодоровски е член и на младинската фудбалска репрезентација на Македонија за која има вкупно 29 настапи . Важи за доста квалитетен фудбалер кој максимално се залага на терените.