Ништо од мега – бомбата на Гостивар, која го “здрма“ Балканот пред неколку недели, па со денови се пишуваше дека прочуениот Португалец Нани (37) ќе дојде во Македонија, поточно во Гостивар.
Тие “приказни“ ги подгреваа и од таборот на Гостивар, од раководството.
Сепак и дефинитивно Нани не доаѓа во Македонија, уште помалку во Гостивар, барем не ова лето.
Некогашната мега –ѕвезда на светскиот фудбал одлучи својата кариера да ја заврши во градот каде што е роден, во Амадура и тоа во тимот на Естрела Амадура.
Значи и Нани потпиша, ама не за Гостивар.
De regresso às origens! ⭐️ pic.twitter.com/CMwd9CWvV4
— CF Estrela da Amadora (@estrelamadora) July 31, 2024