Фудбалерот Гоце Коцевски вчера загинал во сообраќајна несреќа. Неговите почетоци биле во младинскиот погон на Борец 1919, а потоа и член на Превалец од Велес. Клубовите со шок и неверување ја примија веста за згаснувањето на животот на овој млад фудбалер и изразија сочуство до фамилијата.
„Нека ти е светол патот до вечноста.
Вечна ти слава играчиште!
Сочувство до фамилијата.“, напишаа од Борец.