Кристал Палас официјално донесе нов играч. Тоа е Исмаил Сар, Сенегалецот кој досега настапуваше за Марсеј и доаѓа во Лондон за 15 милиони евра.
Тој е третото засилување на Кристал Палас во овој преоден рок, а потпиша договор на пет години.
Сар е многу запознаен со Премиер лигата, бидејќи своевремено играше за Ватфорд.
Досега во овој тим пристигнаа Камада и Чади Ријад, Сар е третото засилување.
Сар има 26 години, игра на позицијата напаѓач.