Некогаш играше во НБА, сега брка олимписки медал во друг спорт

185

Чес Будинџер некогаш играше кошарка, во 2009 година е драфтиран од Детроит Пистонс кои го испратиле во Хјустон Рокитс. Играл уште за Минесота Тимбервулвс, Феникс Санс и Индијана Пејсерс, а потоа и за шпанска Басконија. Во НБА заработил 20 милиони долари преку разни договори. Во 2012 година настапи на натпреварот во забивање на Ол Стар викендот.

Но Будинџер се вратил на својата стара спортска љубов – одбојка на песок. Во средно училиште и колеџ се занимавал и со овој спорт, а потоа преминал само во кошарка.
По прекинот на НБА кариерата во 2017 година тој заиграл одбојка на песок. На Светскиот куп освоил бронзен медал, три сребрени и злато минатата година. Сега во тандем со Мајлс Еванс настапува на Олимписките игри. Имаат победа и пораз по две кола. Осминафиналето им е блиску, а би било фантастично да освои медал на Игрите.

 

ПретходноНеверојатна ситуација во Барса: Клубот реши да продаде две ѕвезди – но тие сакаат да си одат!
СледноФИБА стави двајца македонски кошаркари на листата за МВП признанието на шампионатот во Скопје