Официјално: Ивиќ е нов голман на РК Пелистер! (ФОТО)

251

Од оваа сезона нов член на РК Пелистер е хрватскиот репрезентативен голман Филип Ивиќ. Голот на Пелистер ќе го чува искусен и проверен голман, кој низ професионалната кариера настапувал во ракометни земји како Хрватска, Полска, Германија, Словенија, Франција.

31-годишниот Ивиќ е загрепчанец и изданок на школата на поранешниот европски првак Загреб. Освен за матичниот клуб менуваше искуства во повеќе шампионати. Три сезони играше во Киелце, по една во Гумерсбах и Целје Пивоварна Лашко и две во Шамбери.

May be an image of 1 person, playing football, playing volleyball, playing soccer and text

ПретходноПокрај новиот формат во ЛШ, ќе има и новитет во ждрепката!
СледноИ Нани потпиша, aма… (ВИДЕО)