Одамна се знае дека од оваа 2024/25 сезона во Лигата на Шампионите ќе се игра во нов формат и тоа по швајцарскиот модел, но и со една единствена табела.
Сепак УЕФА објави дека ќе има промени и во ждрепката која ќе се одржи на 29 август.
Вкупно ќе има 36 екипи, што е четири повеќе од досега. Секој тим во оваа фаза ќе одигра по четири средби дома и исто толку на гости. Ново е тоа што специјален софтвер ќе го одреди распоредот на натпреварите. Овој софтвер ќе реашава кој меч ќе се игра дома а кој на гости. Исто така овој софтвер гарантира дека две екипи од иста земја нема да можат да играат во оваа фаза.