Реал поразен од Милан, Елмас стартер кај Лајпциг, дербито за Ливерпул, победи и Манчестер Јунајтед!

871

 

Утринава се одиграа повеќе контролни натпревари во САД, на кои настапија неколку големи клубови. Секако дека во преден план беше мечот меѓу Реал Мадрид и Милан, на кој славеа Италијанците со 1:0 и тоа со голот на Чуквуезе. “Кралевите“ беа безопасни, одиграа без Белингем и Мбапе.Image

Лајпциг со 2:0 ја победи Астон Вила и тоа со головите на Андре Силва и Опенда. Нашиот Елиф Елмас беше стартерна овој меч кај “биковите“.

Ливерпул на Арне Слот успеа со 2:1 да го победи Арсенал во дербито. Одлична игра на “редси“, стрелци беа Салах и Фабио Карваљо, додека за “топчиите“ голот го постигна Каи Хаверц.

Манчестер Јунајтед славеше против Бетис со 3:2. Рашфорд, Диало и Каземиро стрелаа за Јунајтед, а Лосадаи Љоренте за Бетис.

Челзи беше убедлив против мексиканската Америка со 3:0. Нкунку, Гиу и Мадуеке беа стрелците за “сините“ од Лондон.

ПретходноМаршан со трето злато, Жанле со светски рекорд на 100 метри слободно и со злато
СледноСекогаш кога Перез ќе донесе одлука, тука е Анчелоти да експериментира