Светскиот рекордер ги обвини Американците и Австралијците за непочитување! (ВИДЕО)

1281

Синоќа на 100 метри слободно Кинезиот Пан Жанле ја исплива најбрзо во историјата. Не само што ги уништи своите конкуренти туку со светски рекорд дојде до златниот медал.

Тој делницата ја исплива со време 46,40 секунди, едноставно тоа беше нестварен резултат.

По трката тој ги обвини Американците и Австралијците за непочитување:

“Се одмаздивме за срамот кој го доживеавме. На првиот ден од штафетата 4Х100 јас му честитав на Чалмерс од Австралија, но тој ме игнорираше, исто така и Американецот Алекси. Кога трениравме нашиот тренер стоеше а тие пливаа и го прскаа со вода, со презир гледаа кон нас“ посочи Кинезот.

ПретходноГатузо за екс- фудбалерот на Работнички: “Подобро да загубам натпревар отколку своето достоинство“!
СледноОва е стадионот во Гостивар, вака е оставен од турскиот газда на ФК Гостивар! (ФОТО)