Тажна вест од Англија: На 60 години почина поранешен тренер на Лестер

264
Фото: Fabrizio Romano/Facebook

Потресна вест стигна од Англија. На 60-годишна возраст почина поранешниот тренер на Лестер Сити, Крег Шекспир.

„Крег почина мирно утрово во домот опкружен со своето семејство“, се потврдува во соопштението.

Шекспир не успеа да ја добие битката со ракот, кој му беше дијагностициран во октомври 2023 година.

Тој исто така работеше за Евертон, Вотфорд, Астон Вила и Норич, беше помошник тренер на Англија во 2016 година.

ПретходноРаботнички ја победи Брегалница, реми за Воска Спорт
СледноЧудотворниот Ноле е во полуфиналето на ЛОИ во Париз