И дефинитивно се знае дека Ерик тен Хаг, менаџеот на Манчестер Јунајтед нема да може да смета на своето големо летно засилување во дефанзивата во наредните три месеци. Младиот Лени Јоро има повреда која не е така едноставна, и затоа по деталните лекарски прегледи констатирано е дека на него не може да се смета во наредните три месеци.
Секако дека ова е голем удар како за Тен Хаг така и за Манчестер Јунајтед, посебно ако се знае дека Французинот требаше да биде еден од носителите на играта на клубот од “Олд Трафорд“ уште на стартот на сезоната.