Фантастичната Векиќ осигура нов медал на Хрватска

179

Хрватска ќе освои уште еден медал на Летните олимписки игри во Париз, бидејќи Дона Векиќ се пласираше во финалето во поединечна конкуренција.

Таа во полуфиналето успеа да ја совлада Ана Каролина Шмиедлова од Словачка победувајќи ја со 2-0 во сетови (6-4, 6-0).

Во мечот за златниот медал, Дона Векиќ ќе се соочи со кинеската тенисерка Чинвен Женг, која претходно ја елиминираше најдобрата светска тенисерка Ига Свјонтек.

ПретходноЗавршена е една голема кариера: Енди Мареј го одигра својот последен меч!
СледноНовак веќе донел одлука: Чека преглед, но нема да го слуша докторот!