Филип Антовски е нов играч на Брера

351

Македонскиот прволигаш Брера Струмица го промовира левиот бек Филип Антовски за нов член на клубот. Тој минатата година настапуваше за Карвина од Чешка, а сега се враќа во Македонија после неколку години во странство.
Поранешниот младински репрезентативец на Македонија потекнува од Вардар, а потоа направи трансфер во вториот тим на Динамо Загреб. Играше и за младинскиот тим на оваа екипа, но поради повреди не успеа да се наметне на првиот тим. Играше како позајмен во Славија Софија, потоа во Б тимот на Австрија Виена, па се врати во Хрватска во тимот на Истра. Во 2023 година отиде во Карвина.

ПретходноТен Хаг во проблеми: Јоро три месеци во “аут“!
СледноСензација на ОИ: Најдобрата тенисерка на светот испадна во полуфиналето