Чудотворниот Ноле е во полуфиналето на ЛОИ во Париз

496

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на ЛОИ во Париз, откако одигра уште еден неверојатен меч, овој пат против Стефанос Циципас. Српскиот тенисер славеше против Гркот со 2-0 по сетови 6-3 и 7-6.

Ноле мечот го отворија според очекувањата, првиот сет го доби со 6-3, и се чинеше дека лесно ќе ја заврши и оваа задача. Но, Гркот се врати во игра, во вториот сет поведе со 1-5, но следеше неверојатниот кам-бек на Ѓоковиќ, кој иако побара медицински тамј-аут, сепак успеа да изедначи на 5-5, а по 6-6, овој сет беше решен во тај-брејк. А тука подобар беше Србинот, кој не му дозволи на Циципас да се понадева на израмнување.

За противник во полуфиналето ќе го има Италијанецот Лоренцо Мусети, додека пак Алкараз ќе игра против Канаѓанецот Феликс Ожие-Алиасим.

ПретходноТажна вест од Англија: На 60 години почина поранешен тренер на Лестер
СледноСимон Билс – легенда во Париз