Хајдук вечерва на Ф. Острови кај Торшавн ќе гостува во возвратниот меч од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Тренерот Џенаро Гатузо со еден потег ги шокира фановите на сплитскиот тим. Имено поради казна Италијанецот го остави дома Емир Сахити, љубимецот на фановите, инаку екс – фудбалер на Работнички.
Потоа ја даде следната изјава:
“Емир задоцни на една клупска обврска и затоа не е со нас на Ф. Острови. Сепак утре е нов ден и се почнува отпочеток. Видете, за мене подобро е да загубам натпревар отколку своето достоинство. Правилата и дисциплината мора да се почитуваат“посочи Гатузо не објаснувајќи што направил некогашниот фудбалер на Работнички, кој на првиот меч со Торшавн во Сплит беше стартер.
Да кажеме дека Хајдук вечерва ќе ја брани предноста од Сплит од 2:0.