Познато е што се случуваше во изминатите два месеци со стадионот во Гостивар. На овој стадион, барем според ФФМ како домаќини во новата сезона во ПМФЛ ќе играат Беса и Гостивар, иако има најави дека овие вториве како домашен терен ќе го користат стадионот “Борис Трајковски“ во скопско Маџари.
Поважно е тоа во каква состојба е сега стадионот во Гостивар, посебно теренот. Ако се видат фотографиите тогаш секој фудбалски фан ќе се шокира. Дури сега е јасно зошто Гостивар ова лето ниту еднаш не играше на својот терен.
Овој стадион, посебно теренот, вака е оставен од турскиот газда на ФК Гостивар.
Жалосно…