Работнички ја победи Брегалница, реми за Воска Спорт

584

Македонските екипи продолжуваат со контролните мечеви пред стартот на новата сезона во ПМФЛ-лигата. Работнички извојува победа против Брегалница, дуелот заврши со 1-0, а стрелец на голот за „романтичарите“ беше Аломеровиќ (45 минута).

На втората одиграна пријателска средба, Воска Спорт одигра реми против косовскиот тим на Лирија 1-1. Овој дуел се одигра во Струга.

Ова беше шести меч за Воска во рамките на подготовките, последниот тест ќе го игра против Охрид.

ПретходноСрбљак преку третиот носител до четвртфиналето
СледноТажна вест од Англија: На 60 години почина поранешен тренер на Лестер