Коста Ќириловски и Стефан Стојковиќ се најдоа на списокот на ФИБА од 14 кошаркари кои се кандидати за МВП признанието на Европското првенство „Б“ Дивизија кое се одржува во Скопје. И двајцата македонски репрезентативци во овој момент водат на оваа топ листа.
Македонија со пет победи во исто толку одиграни меча во групната фаза се пласираше во четвртфиналето каде за противник ќе ја има селекцијата на Португалија.
Доколку сакате да гласате за нашите момци, тоа можете да го сторите на следниот ЛИНК.