Германија со триумф над Шпанија обезбеди четвртфинале

118

Ракометната репрезентација на Германија ја победи Шпанија со 33-31 во 4.коло од групната фаза на ОИ во Париз и со тоа избори пласман во осминафиналето. Германците се лидери со три победи и еден пораз, додека Шпанците имаат четири бода исто колку и Шведска (втора), Словенија (трета но и меч помалку) и Хрватска (петто место).
Германците во првото полувреме речиси постојано имаа предност, а најголемата беше три разлика. Во второто полувреме Шпанците направија пресврт и имаа предност 26-28, која кратко траеше бидејќи во финишот Германците повторно се вратија и на крајот осигураа победа од два разлика. Треба да се спомене и одличниот настап на германскиот голман Давид Шпет кои блескаше во моменти кога се „кршеше“ победникот.

Во последното коло Шпанија и Хрватска во директен дуел ќе одлучуваат за пласман во нокаут-фазата.

ПретходноФулам го објави рекордниот трансфер на Смит Роу
СледноСтрашно: Пливачка од Словачка колабираше, лекарите веднаш реагираа!