Кошаркарките до 18 години со пораз го започнаа Европското првенство Б Дивизија во Плоешти, откако на првиот меч беа убедливо совладани од Ирска со 52-86.
Ирските кошаркарки доминираа во текот на целиот меч. По првото полувреме водеа со 41-22. Ништо не се промени ниту по одморот, Горан Крстевски немаше решение за репрезентацијата која напредувала низ годините.
Сарафилоска и Трајковска постигнаа по девет поени.
Следен противник е селекцијата на Грција, мечот се игра утре.