Нема подобро: На Илинден нашите кошаркари ги чека најважната битка!

578

Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години денеска (18:30 часот) го игра најважниот меч на Европското првенство „Б“ Дивизија кое се одржува во Скопје. Нашите момци ќе бараат пласман во полуфиналето против Португалија за чекор од пласман во А Дивизија.

Кошаркарите во групната фаза запишаа пет победи во исто толку одиграни натпревари, одиграа храбро и мотивирано, нешто што се очекува да биде и денеска на големиот празник Илинден.

На другата страна Португалија не ја заврши групната фаза совршено, има два порази во четири одиграни натпревари, што пак говори дека не е непобедлива.

Оние кои нема да можат да дојдат во сала, мечот ќе можат да го гледаат на линкот во продолжение.

 

ПретходноПродолжува данската перфекција на ЛОИ
СледноПлатата која Де Хеа ја бара, во овој момент може да ја добие само од еден клуб!