Андреевски: Не размислуваме за ништо друго – освен победа!

162

Македонија против Португалија, вечерва од 18.30 часот во СРЦ „Кале“ (влезот е слободен), тргнува во четвртфиналната пресметка во која победата води во полуфиналето и места кои водат во елитното европско јуниорско друптво.

Селекторот Горан Андреевски само накратко се враќа на она што беше на последниот меч од првиот дел, оној во кој стигнавме и до петтиот по ред успех…

„Натпреварот со Украина ни беше, би рекол, од формално значење, можеби затоа имавме мало опуштање, но на крајот се си дојде на своето место, победивме“– вели Андреевски.

На ред е елиминацискиот дел од шампионатот, а првата пречка се селекцијата на Португалија?

„Да, сега следува она вистинското, нокаут фаза и борба за медал. Португалија е незгоден противник има квалитетни бекови кои играат брза кошарка, како во одбрана така и во напад. Ако успееме да ги сопреме нивните бекови и да им ја успориме играта ќе имаме позитивен резултат“.

Петте победи само ја подигнаа атмосферата во тимот. А предводникот на нашиот јуниорски тим очекува сето тоа да се пренесе и на гледалиштето во СРЦ „Кале“.

„Немаме простор да размислуваме на ништо друго, освен на победа. Очекувам огромна поддршка од трибините и се надевам празнично ќе се радуваме сите на уште една победа“– посакува Андреевски пред досега најважниот меч за него и неговите избраници на првенството во Скопје.

ПретходноПлатата која Де Хеа ја бара, во овој момент може да ја добие само од еден клуб!
СледноЧудно, но вистинито: Франција од четврта стигна до прва победа на ЛОИ