Германија ја совлада Франција и го освои првото место во групата!

142

Меч кој беше важен само за тоа кој ќе оди во четвртфиналето како првопласиран, а во таквата пресметка Германија со 85:71 славеа на Франција и дефинитивно го освоија првото место во групата –Б. Освен во последната четвртина во која домаќинот беше подобар, Германија беше таа која се прашуваше за тоа што и како на овој меч. Посебно во вториот период светскиот првак покажа сила и со 24:9 ја реши во своја корист, едноставно Вембањама и другарите беа немоќни.

Најефикасен кај победникот беа Вагнер и Шрудер со по 26 поени, додека кај поразената селекција тоа беше Вембањама со 14 поени.

ПретходноЧептегеи со злато и олимписки рекорд на 10.000 метри, светски рекорд на Американките во квалификациите!
СледноЕгипет покажа како треба против Норвешка!