Едноставно Гостивар не запира. Се остварија најавите од пред неколку дена дека овој тим ќе се засили со играч од Конго и тоа Елвис Машике (30). Гостиварци попладнево тоа и го сторија и го претставија напаѓачот кој некогаш има играно за Жилина, Слован Либерец, Викторија Жижков и други клубови.
Секако дека со сите овие засилувања Гостивар по имиња ќе има доста силен тим, но јасно е дека за успеси е потребно и нешто друго.