Кошаркарската репрезентација на Грција ја совлада Австралија со резултат 77-71 и се врати во игра за директен пласман во четвртфиналето на Олимписките игри во Париз. Австралија која по воведната победа над Шпанија впиша два порази и веќе се отпиша од нокаут фазата.
Грците ги предводеа Антетокумбо со 20 поени и Валкап со 18 поени. Кај Австралија наефикасни беа Лендејл со 17 и Милс со 13 поени.
Сега ќе се чека разврска на другите мечеви. Во нивната група ќе играат Канада и Шпанија. Ако Грците останат третопласирани тогаш ќе чекаат Србија да го совлада Јужен Судан со најмалку три поени разлика за да влезат како една од најдобро третопласирана екипа.
А во групата Б, Бразил ја совлада Јапонија и ги задржа шансите за нокаут фазата. Бразилците ја оправдаа фаворитската улога и славеа со 102-84. Кошаркарот на Партизан Бруно Каболко имаше моќна партија, забележа „дабл-дабл“ со 33 поени и дури 17 скока. Кај Јапонците најрасположени со двоен ефект беа Хокинсон (26 поени, десет скока) и Кавамура (21 поен, десет скока).