Дербито на ЛОИ за Начевски и Николов!

716

Најдобрата македонска судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов денеска ќе ја имаат третата задача на Летните Олимписки Игри кои се одржуваат во Париз.

И овој пат нашите судии ќе ја делат правдата на дерби натпревар. Станува збор за мечот меѓу Германија и Шпанија, кој е закажан со почеток во 16 часот.

Двете репрезентации имаат две победи и еден пораз во групата А, па победникот ќе го потврди своето место во четвртфиналето.

Со четири бода, исто колку Германија и Шпанија во оваа група се уште Словенија и Хрватска.

ПретходноАнчелоти детектираше подобар играч од Ѓулер и Ендрик
СледноНишто од Наполи: Лукаку пред неочекуван трансфер во Англија