И следната сезона Македонија без сигурно место во ЛШ

234

Македонија и наредната сезона нема да има директно место во Лигата на шампионите. ЕХФ го објави ранкингот за местата во евро-куповите во сезоната 2025/26 во кој Македонија е две места погоре, но пред нас се Норвежаните, а потоа следуваат деветте клуба со директно место во ЛШ. Toa значи дека за повторно да се игра елитен ракомет во Македонија во сезоната 2025/26, потребно е изненадување како за оваа во која Пелистер доби „вајлд-карта“.
Два клуба ќе се натпреваруваат во ЕХФ Европската лига и два клуба во ЕХФ Европскиот куп.
Во женска конкуренција една екипа ќе игра во ЕХФ Европската лига и три во Европскиот куп.

ПретходноШвјонтек се утеши со бронзениот медал на ОИ
СледноФулам го објави рекордниот трансфер на Смит Роу