И тоа дочекавме, Ирска да ни држи часови по кошарка

567

Кошаркарките до 18 години со пораз го започнаа Европското првенство Б Дивизија во Плоешти, откако на првиот меч беа убедливо совладани од Ирска со 52-86.

Ирските кошаркарки доминираа во текот на целиот меч. По првото полувреме водеа со 41-22. Ништо не се промени ниту по одморот, Горан Крстевски немаше решение за репрезентацијата која напредувала низ годините.

Сарафилоска и Трајковска постигнаа по девет поени.

Следен противник е селекцијата на Грција, мечот се игра утре.

 

ПретходноСрпски тренер е нов селектор на Грција
СледноШвјонтек се утеши со бронзениот медал на ОИ