Охрид по 45 пат беше домаќин на „Илинденскиот маратон“ во пливање, а победници се Сара Јанковиќ од ПК Скопје и Петар Цеков од ПК Вардар.
Јанковиќ го преплива малиот маратон со време од 32:18.68 минути и заврши пред сестрите Јована Неделковска и Ивана Неделковска кои и се клупски колешки.
Кај мажите Петар Цеков оствари време од 29:19.53 минути и заврши пред Кристијан Стојановски од ПК Скопје и Теодор Тасевски од ПК Вардар.
Како и секоја година патеката започнува од плажата Горица до кејот на Охридското езеро (пред х.”Ривиера”). Патеката изнесува 2,5км.
Дома Други спортови Петар Цеков и Сара Јанковиќ победници на 45. издание на Илинденскиот пливачки...