Продолжува данската перфекција на ЛОИ

77

Данска продолжи во ист ритам, ја запиша четвртата победа на ЛОИ во Париз, откако ја совлада Унгарија со 25-28. Избраниците на Николај Јакобсен одиграа многу поопуштено за разлика од претходните мечеви бидејќи нивниот пласман во следната рунда веќе беше заверен.

Унгарија снема сили во второто полувреме. Откако Данска поведе со 2-6, успеа да се врати и да поведе со 13-11, но сепак резултатот на одморот беше во корист противникот (14-16). Во продолжение Данска не дозволи овој дуел да отиде на сметка на Унгарците на кои ќе им беше доволен бода за да се најдат сигурно во плеј-офот.

Гидсел и овој пат беше лидер со осум гола, додека по пет постигнаа Хансен и Јоргенсен. Илиќ имаше пет гола кај Унгарија.

ПретходноТрапановски со порака до Милевски: Се надевам дека ги следи нашите игри!
СледноНема подобро: На Илинден нашите кошаркари ги чека најважната битка!