Ребиќ раскина со Бешикташ: Не добив доволно шанси за да се покажам

133

Ни во Бешикташ не се снајде. Хрватскиот напаѓач Анте Ребиќ повторно ќе ја менува средината. Ребиќ и Бешикташ го раскинаа договорот на спогодбен начин. Хрватот се пожали дека не добивал шанса за да се покаже, па поради тоа одлучил да си ја побара среќата во друг клуб, а Бешикташ му излезе во пресрет.
Мислам дека моите игри беа добри, но не добивав повеќе шанси за да се покажам. Плус имав и повреда. Добро ми е. Неколку клубови од Германија и Италија се интересираат за мене. Ќе видиме што ќе биде. Ќе кажам да на добра понуда“, изјави Хрватот кој минатата сезона дојде во Бешикташ и одигра 691 минута во 23 натпревари и постигна еден гол.
Ребиќ претходно беше во Милан, во Ајнтрахт, Верона, Лајпциг и Фиорентина. Кариерата ја почна во РНК Сплит.

ПретходноВане Јованов и официјално во Вараждин! (ФОТО)
СледноБраво момци МАКЕДОНЦИ: Јуниорите на Илинден ја декласираа и Португалија за пласман во 1/2 финалето на ЕП!