Сосиедад се засили со хрватски репрезентативец

304

Младиот хрватски играч од средниот ред Лука Сучиќ е нов член на шпански Реал Сосиедад. Клубот од Сан Себастијан го ангажираше 21-годишниот фудбалер од Салцбург и за него, неофицијално, плати 10 милиони евра со тоа што австирскиот клуб ќе добие 10% од сумата при наредниот трансфер.
Играчот потпиша договор до летото 2029 година.
Сучиќ е роден во Линц, Австрија, играше во младинската школа на Салцбург, потоа една сезона во Лиферинг, па се врати меѓу „биковите“. За Хрватска има 10 настапи.

ПретходноЕкс-репрезентативец на Холандија го победи ракот и се враќа на фудбалот
СледноКарапалевски и официјално промовиран во Ваљадолид