Српски тренер е нов селектор на Грција

405
Иван Јовановиќ (десно) ФОТО: epo.gr

Фудбалската репрезентација на Грција има нов селектор. На кормилото седнува српскиот тренер Иван Јовановиќ кој претходно беше тренер на неколку грчки и кипарски клубови, а последниот клуб му беше Панатинаикос.

Речиси целата своја кариера Јовановиќ ја помина во Грција и на Кипар. Работеше во Ники Волос, Ираклис, Панахаики, два пати во АПОЕЛ од Кипар, беше и во Ал Наср во Саудиска Арабија и една година селектор на Обединетите Арапски Емирати.
Јовановиќ дебито ќе го има во септември кога во рамките на Лигата на нациите Грција ќе игра против Финска на домашен терен, а три дена подоцна гостува на Република Ирска.
Тој е првиот Србин кој ќе го води грчкиот национален тим, а севкупно, 16-ти странец на клупата на оваа репрезентација.

Претходно„Каубоите“ убедливо поразени од Шведска и сега треперат за четвртфиналето
СледноИ тоа дочекавме, Ирска да ни држи часови по кошарка