Тен Хаг отворено за Санчо и Рашфорд

1419

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хег, увери дека конфликтот меѓу него и Санчо сега е минато. Во последните денови се тврдеше дека крилниот напаѓач е на прагот на трансфер во ПСЖ, а за него е заинтересиран и Јувентус, но сега се чини дека Санчо би можел да остане на „Олд Трафорд“ и следната сезона.

„Тоа го оставивме зад нас и веќе кажавме сè за тоа. Секој од нас знае кои се стандардите и како сакаме да работиме и да соработуваме затоа што на сите ни треба подобар тим. Дефинитивно е добар фудбалер. Дали се извини? Мислам дека нашата изјава кажува се. Беше сосема јасно“, изјави Тен Хаг.

Холанѓанецот увери и дека повредата на Маркус Рашфорд не е сериозна и наскоро треба да биде подготвен повторно да игра.

„Повредата на Рашфорд не е сериозна, но тој не може да игра против Ливерпул. Сепак, мислам дека брзо ќе закрепне. Ќе се обидеме да му ја пружиме сета поддршка и сите услови за повторно да се врати во формата од пред две години. Тој е способен да постигне многу голови. Тој постигна 30 гола минатата сезона, така што има многу потенцијал кога е во вистинската поставеност“.

ПретходноЧудно, но вистинито: Франција од четврта стигна до прва победа на ЛОИ
СледноФулам со нова понуда до Јунајтед за шкотскиот фудбалер