Трапановски со порака до Милевски: Се надевам дека ги следи нашите игри!

600

Македонските фудбалери, Кристијан Трапановски и Давид Бабунски покажаа дека ќе бидат големи засилувања во дресот на Данди Јунајтед, и двајцата веќе постигнаа неколку голови.

Трапановски кој во Шкотска дојде од Шкупи е среќен што заедно со Бабунски ќе соработуваат во овој тим, но и се надева дека заедно ќе заиграат во дресот на Македонија.

„Бабунски е одличен играч, беше во Барселона 10 години. Првпат играме заедно во еден клуб, се надевам дека ќе играме заедно и во репрезентација. Искрено се надевам дека нашите настапи ги прати и селекторот“, изјави за тамошните медиуми македонскиот фудбалер, кој не го криеше своето задоволство за први три постигнати голови во дресот на Данди Јунајтед. 

ПретходноМеси откри дека само еден играч го познава до совршенство
СледноПродолжува данската перфекција на ЛОИ