Фантастичниот Маршан со четврто злато, повторно со олимписки рекорд!

110

Леон Маршан е вистински пливачко чудо. Вечерва херојот на Франција го освои четвртото злато на  овие ЛОИ и повторно со олимписки рекорд.

Маршан победи на 200 метри мешано со резултат 1:54.06, и повторно го собори рекордот на Мајкл Фелсп. Маршан испишува историја, едноставно плива феноменално.

Досега во историјата повеќе од четири златни медали освоиле само Марк Шпиц и Мајкл Фелпс.

Втор на оваа трка заврши Данкан Скот од В.Британија, додека третопласиран беше Шун Ванг од Кина.

ПретходноБугарите “плачат“: Црногорците на фановите на ЦСКА 1948 не им дозволувале да одат во тоалет!
СледноЕмоции: Солзите на Новак! (ВИДЕО)