Франција во четвртиот обид стигна до првата победа

105

Ракометната репрезентација на Франција, конечно, впиша победа на олимпискиот турнир во Париз. Во четвртиот меч ги впишаа првите бодови, а ја совладаа Аргентина со 28-21.
Французите тргнаа фуриозни, победоа со 7-0 најавувајќи победа на овој меч. На полувреме Французите имаа 15-8, а на крајот во исто темо го приведоа мечот до крај. Најефикасен кај Французите беше Уго Деска со осум голови.
Во оваа група Б, Данска ја победи Унгарија со 28-25. Данците имаат скор од четири победи по четири меча и се сигурни на чело на табелата.
Норвешка е втора со шест бодови по три кола, Египет е трет со три бода исто така по три меча.
Денеска се играат другите мечеви: Норвешка-Египет, Хрватска-Шведска, Германија-Шпанија и Јапонија-Словенија.

ПретходноАлкараз е првиот финалист на тенискиот олимписки турнир!
СледноПетар Цеков и Сара Јанковиќ победници на 45. издание на Илинденскиот пливачки маратон